Национален Клуб на Слависта

Форум

Виж темите без отговор | Виж активните теми Дата и час: Чет Май 23, 2024 7:18 am



Темата е заключена, не можете да променяте мнения.  [ 1 мнение ] 
 Македония - България 
Автор Съобщение
Администратор
Аватар

Регистриран на: Сря Сеп 24, 2003 4:18 pm
Мнения: 12917
Местоположение: SOFIA
Мнение Македония - България
Първите мачове на младежите и мъжете за 2006 година.


Цитат:
Попладнево на Градскиот стадион во Скопје, со почеток во 17 часот, фудбалската репрезентација на Македонија под водство на новиот селектор и неговиот Стручен штаб ќе го одигра првиот пријателски натпревар во новата година. Противникот е привлечен самиот по себе, а фактот дека љубителите на фудбалот во земјава ќе имаат една несекојдневна можност во живо да ги видат двете големи ѕвезди во составот на нашиот источен сосед Димитар Бербатов и Валери Божинов е добра препорака за полни трибини на репрезентативниот фудбалски храм во земјава. Пулените на селекторот Среќко Катанец дисциплинирано и професионално, како и секој пат досега, им пријдоа на мини подготовките кои во изминатите два дена се одржаа во нашиот главен град. Новиот селектор немаше доволно време за подолго запознавање со играчите, меѓутоа првиот впечаток од неговиот стил и начин на работа вчера на новинарите и го пренесоа искусните Игор Митрески и Горан Пандев.
"Се наоѓаме на почетокот на новиот квалификациски циклус, во кој влегуваме со нов Стручен штаб. Ни претстои сериозен меч со многу квалитетен противник кој има повеќе извонредни поединци во своите редови. Се надевам дека ќе одиграме максимално концентрирано и мудро против Бугарите и дека со добиените инструкции од новиот селектор ќе успееме да им парираме на гостите. Доколку на претстојната средба дадеме сў од себе, и притоа доколку имаме голема поддршка од нашите навивачи на трибините, мислам дека можеме да се надеваме на позитивен старт во новата година" изјави дефанзивецот Игор Митрески. Многу пофални зборови, кои беа посебно упатени на напаѓачката формација на репрезентацијата на нашиот источен сосед упати напаѓачот Горан Пандев, кој предвидува извонредно тежок меч поради лошото време кое ја зафати земјава. "Бугарите се квалитетен состав, кој располага со одлични фудбалери во нападот. Меѓутоа ние не сме послаби од нив, и доколку одиграме дисциплинирано, и притоа го дадеме својот максимум на теренот, ќе можеме да се надеваме на поволен резултат. Досега се сменија многу селектори, работевме различни тактички замисли, и сега мислам дека сите работи зависат само од нас самите. Новиот селектор Катанец бара од нас да се однесуваме дисциплинирано и професионално на натпреварот, онака како што се однесуваме во клубовите од кои доаѓаме, па така доколку успееме да ги спроведеме неговите инструкции мислам дека ќе прикажеме добра фудбалска претстава" заклучи напаѓачот на римскиот Лацио, Горан Пандев.
Лоша вест за нашиот Стручен штаб е повредата на Роберт Петров, па така Катанец реши дополнително да го повика младиот Исмаили кој ќе биде 17-ти фудбалер на списокот на новиот селектор. (Е.К.)

Цитат:
Централната личност во бугарската репрезентација околу која во последно време се вртат сите тактички замисли и напаѓачки концепции на бугарскиот селектор Христо Стоичков е напаѓачот на италијанската Фиорентина, Валери Божинов. Овој вонсериски напаѓач според сите најави вечерва ќе го предводи нападот на нашиот источен сосед во дуелот со репрезентацијата на Македонија. На Божинов според очекувањата, во нападот ќе му прави друштво Димитар Бербатов, со што гостинскиот селектор само ќе ја потврди својата неколкупати изнесена констатација дека против фудбалската репрезентација на Македонија неговите фудбалери ќе одат на сигурна победа.
"Македонската репрезентација добила нов селектор. Среќко Катанец е добар тренер, тој направи голем резултат со репрезентацијата на Словенија. Мислам дека неговиот ангажман е добар потег" ни изјави вчера бугарскиот напаѓач за време на паузата пред заедничкиот ручек на гостинските фудбалери во фоајето на хотелот "Александар палас" во кој беа сместени двете репрезентации. Божинов располага со оскудни информации за квалитетот на македонската селекција, а својата слаба информираност ја оправда со неговиот професионален ангажман во италијанското првенство.
"Навистина немам некои конкретни информации за квалитетот на македонската селекција. Противничките фудбалери не ги познавам со исклучок на Горан Пандев кого го познавам лично. Нашата последна средба беше пред неколку дена во Фиренца, кога мојата екипа загуби од неговиот Лацио со 2:1. Пандев е добар фудбалер, и него му претстои одлична кариера" ни изјави Божинов. Инаку, на првенствената средба на стадионот "Артемио Франки" Божинов го постигна единствениот гол за неговиот тим, со кој само успеа да го намали водството на римјаните. Погодокот на бугарскиот напаѓач беше вистинско ремек дело, и според мислењето на многу фудбалски критичари волејот на Божинов апсолутно го заслужи епитетот гол на колото во италијанското Калчо.
"Постигнав убав гол, меѓутоа тој не беше доволен за освојување на бодовите на мојата екипа. Има уште многу натпревари до крајот на првенството така што уште многу работи можат да се променат на табелата" заклучи Божинов.
Неговиот трансфер во редовите на Фиорентина на почетокот не навестуваше блескава иднина за бугарскиот напаѓач. Сепак, овој фудбалер вели дека проблемите се веќе минато и очекува ефикасна пролет во дресот на неговиот тим.
"Се е во најдобар ред. Се чувствувам одлично и очекувам моја добра пролетна сезона во дресот на Фиорентина" заврши првиот напаѓач во тимот на Христо Стоичков, Валери Божинов.

_________________
Зачитам чуждото мнение, но рядко го прочитам докрай.


Сря Мар 01, 2006 1:58 pm
Профил WWW
Покажи мненията от миналия:  Сортирай по  
Темата е заключена, не можете да променяте мнения.   [ 1 мнение ] 

Кой е на линия

Потребители разглеждащи този форум: 0 регистрирани и 3 госта


Вие не можете да пускате нови теми
Вие не можете да отговаряте на теми
Вие не можете да променяте собственото си мнение
Вие не можете да изтривате собствените си мнения
Вие не можете да прикачвате файл

Търсене:
Иди на:  
Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group.
Designed by STSoftware for PTF.
Преведено от: SEO блог на Йоан Арнаудов.